Систем за комуникација помеѓу возилата на BMW

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Систем за комуникација помеѓу возилата на BMW
BMW

Возилата на BMW со систем за директна комуникација на патот, за размена на информации за моментален застој во сообраќајот, услови на патот, итн.

Дали фаровите се вклучени? Со која брзина функционираат бришачите на шофершајбната? Што известуваат ABS сензорите? Денешните BMW автомобили се опремени со широк спектар на асистентски системи и сензори кои постојано го следат и анализираат однесувањето и состојбата на Вашето возило за време на возењето.

Целта на комуникацијата од возило до возило (vehicle-to-vehicle) е да ги направи овие информации достапни и за други возила. Наместо да ги пренесуваат податоците до централaта, тие се испраќаат директно до сите релевантни возила во близина, користејќи мобилна WLAN технологија.

Оваа технологија е развиена од страна на холандската компанија Here Technologies, која пред околу три години заедно ја презедоа BMW, Audi и Mercedes, а која е специјализирана за правење сателитски мапи и навигација за автомобили.

Овој пристап нуди придобивки за сите учесници. Оваа способност возачот да се подготви за претстојните услови за возење претставува драматично подобрување на безбедноста на патиштата, би било можно и да се подобри протокот на сообраќај воопшто.

Системот за сега има две функции. Првата е Here Hazard Warrnings, која ќе испраќа порака со предупредување по ненадејно запирање поради несреќи и екстремни временски услови, предвидени од Here, а другата е Here Road Sings која ќе ги информира возачите за сообраќаен метеж на патот и ограничувањата на брзината.