+389 2 3290 020

info@gps.mk

Cruise AV – автомобил без волан и педали

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Cruise AV – автомобил без волан и педали
cruise av

General Motors штотуку не донесе поблиску до иднина со својот Cruise AV, самоуправувачки автомобил, базиран на Chevrolet Bolt.

Во моментов General Motors очекува дозвола од Министерството за транспорт на САД за производство на околу 2.600 возила. Освен федерални, на оваа компанија ќе и бидат потребни и дозволи од поединечните држави доколку сакаат ова возило да го пласираат на нивните патишта. Според компанијата, Cruise AV е првиот автомобил подготвен за производство кој целосно управува самостојно, а се разликува од останатите по тоа што тој нема волан, педали или рачни контроли.

cruise av

Cruise AV е четврта генерација на самоуправувачки автомобили на General Motors. Тој е опремен со 21 сензор, 16 камери и пет ласерски радари, како и способност сам да ги затвора вратите а користи и софтвер кој е развиен во оваа компанија. Има два главни компјутерски системи, тоа значи дека доколку првиот компјутер прекине да работи, се вклучува вториот компјутерски систем.

Според компанијата, Cruise AV е првото возило подготвено за производство кое целосно управува самостојно без возач, волан, педали или рачни контроли.

„Нашиот Cruise AV има потенцијал да понуди поголема безбедност отколку што се способностите на човекот“ изјавија од GM во нивниот Извештај за безбедноста на автономното возење за 2018 година.

Автомобилот се очекува да се појави на патиштата кон почетокот на 2019 година.