+389 2 3290 020

info@gps.mk

Адаптибилни светла ќе ја подобрат безбедноста на патиштата

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Адаптибилни светла ќе ја подобрат безбедноста на патиштата

LED светлата на Continental автоматски ја менуваат формата и јачината на светлината.

Во иднина, предните фарови на автомобилот автоматски би можеле да ги откриваат и осветлуваат пешаците и другите учесници во сообраќајот, па дури и проектираните премини и знаците за предупредување на патот, за да помогнат во намалувањето на несреќите.

Гигантот Continental заедно со компанијата специјализирана за осветлување, Osmar, е вклучен во развојот на следната генерација на светла за возила. Целосно адаптибилни LED светла кои автоматски ја менуваат формата и јачината на светлината во зависност од поставките на системот, како и матрица и ласерски светла кои проектираат слики на патот, слични на холограм, се моментално во развој.

led светла

Последната Eviyos технологија на Osram користи нова форма на пикселизирано LED светло за да создаде целосно адаптивен систем за осветлување кој е интегриран со сензори низ автомобилот. Ова е наменето за подобрување на постоечките адаптивни LED диоди.

„Како пример, црниот пиксел може да биде искористен за да се спречи LED светлото да осветлува одредени точки, како што е предното стакло на возилото кое поминува. Во исто време, светлосниот зрак би бил посилен во другите области на делување, на пример пешаците кои минуваат улица“, објаснува Анет Хеблинг, менаџер за маркетинг во Continental.

Компанијата исто така соработува со Osram за да развие светла кои се во интеракција со пешаците и другите учесници во сообраќајот, користејќи матрикс и технологија на ласерско осветлување која веќе е во употреба во некои врвни модели.

LED светла

Continental вели дека проекциската технологија ќе биде важна за автономните автомобили и нивната потреба да комуницираат со другите учесници во сообраќајот.

Новата генерација на оваа LED технологија се очекува да биде подготвена за употреба во 2020 година.