+389 2 3290 020

info@gps.mk

Наскоро мини верзија од Commodore 64

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Наскоро мини верзија од Commodore 64
Commodore 64

35 години по оригиналот (1980-тите), Commodore 64, мини, се враќа со 64 претходно инсталирани игри. Се поврзува со телевизор преку HDMI, сликата на екранот е во формат 4:3, со CRT филтер и графика Pixel Perfect. Конзолата ќе има двe USB порти – за тастатурата и џојстикот. 

Commodore 64 mini

Уредот е направен од страна на Retro Games и ќе биде половина од големината на оригиналот. Со Commadore 64 мини, Retro Games следи по стапките на Nintendo, кои претходно ги објавија помалите верзии на NES и SNES, со претходно инсталирани игри. Овие уреди беа продадени многу за кратко време.

Оригиналниот Commodore 64 (1982) беше продаден во повеќе од 20 милиони примероци, што го прави и ден денес најпродаван РС на сите времиња.

Конзолата ќе се продава по цена од 80 евра, а во продажба ќе биде од 29-ти Март.