+389 2 3290 020

info@gps.mk

„Спејс икс“ ја лансираше најголемата ракета до сега – „Фалкон хеви“

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > „Спејс икс“ ја лансираше најголемата ракета до сега – „Фалкон хеви“
фалкон хеви - falcon heavy

Компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск, основач и извршен директор на „Тесла“, на 6-ти Февруари, точно во 21:45 по наше време, по неколку одложувања во текот на денот, ја лансираше супер тешката ракета-носач „Фалкон хеви“ од вселенскиот центар Кенеди.

„Фалкон хеви“ е досега најголемата конструирана ракета со најмалку двапати повеќе носивост од другите слични ракети, која треба да биде голем чекор напред во амбициозниот план луѓето во блиска иднина да стапнат на површината на Марс.

Ракетата која полета е висока 70 метри. “Фалкон хеви” е изграден од три јадра на Фалкон 9, што на ракетата ѝ дава исклучителна сила. Составена е од 27 двигатели кои се способни да создаваат влеча од 23,000 килоњутни.

Може да носи двојно поголем товар од ракетата на Јунајтед лонч алајенс (United Launch Alliance) – Делта 4 хеви, по многу пониска цена – околу 90 милиони долари за лансирање, споредено со 350 милиони долари за својот конкурент.

Како голема предност на оваа ракета е дека двете помали ракети од првото ниво имаат способност да се вратат назад на Земјата и повторо да се искористат. Пред да дојде „Спејс икс“, овие ракети пропаѓаа по нивната употреба во само една мисија, а сега се во способност да слетаат на земјата на само неколку десетици метри една од друга.

falcon heavy - фалкон хеви - spacex

Но сепак „Фалкон хеви“ не е најмоќната ракета во историјата. Таа чест сеуште припаѓа на ракетата Сатурн V на НАСА, која се користеше за Аполо, слетувањето на месечината, и е пензионирана од 1970-тите.