+389 2 3290 020

info@gps.mk

Дубаи планира да ја изгради најголемата WET централа

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Дубаи планира да ја изгради најголемата WET централа
wet-дубаи-dubai

Владата на Дубаи најавила дека планира да ја изгради најголемата WET централа досега во светот.

Овие централи го согоруваат отпадот во контролирана околина, а топлината произведена од тоа ја користат за напојување на турбина која создава електрицитет.

WET централата ќе се справи со околу 2 милиони тони отпад годишно. Тоа е околу 60 проценти од ѓубрето во Дубаи во една година. Со капацитет од 185 мегавати (MW), фабриката ќе генерира енергија за околу 120.000 домови.

Дубаи ќе ја подигне фабриката за “од отпад до енергија” на пет хектари земјиште и ќе соработува за овој проект со компанија Hitachi Zosen Inova од Швајцарија и белгиската градежна компанија BESIX.

Иако ваквите централи емитираат значителна количина на CO2, тие загадуваат значително помалку отколку депониите каде отпадот бавно се распаѓа и ослободува метан, гас кој е многу помоќен од јаглеродниот диоксид.

Сепак, не се единствените што размислуваат да ги намалат емисиите на јаглерод. Хибридната електрана, која користи комунален отпад и соларна енергија веќе е планирана да се инсталира во градот Шенжен, Кина, која се очекува да третира 5000 тони отпад секој ден во замена за електрична енергија.