+389 2 3290 020

info@gps.mk

Наскоро летечки такси возила

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Наскоро летечки такси возила
ehang дрон

Ehang 184, беспилотно летало за патници, има завршено повеќе од 1.000 тест-летови со и без патници. 

Ehang се качил на 300 метри и превезувал лице со тежина од 118 килограми. Со полнење од еден час моделот може да се употребува околу половина час, според веб-страницата на Ehang, неговото производство чини околу 200.000 до 300.000 долари.

Дронот ги пренесува патниците практично целосно автоматизирано. Патникот на таблет ќе може да ја одбере дестинацијата, да кликне на „Полетување“ и да ужива во погледот додека пристигнува на својата дестинација. Леталото може да постигне брзина до 130 километри на час, и во лоши временски услови лесно да се справи со урагански ветрови. Исто така може да се движи и низ магла.

ehang дрон

Напојувано само од електрична енергија, во возилото е вграден Ehang систем за грешки. Доколку некоја компонента на возилото има дефекти или исклучувања, веднаш ќе слета во најблиската можна област за да се осигури безбедноста.

Негативната страна е што може да пренесува само еден патник. Исто така, може да пренесува луѓе или товар само 23 минути.

Бројот на стартап-бизниси што се обидуваат да развијат автономно летачко возило се зголемува со огромна брзина, а во последните години се забележува и трендот на големите корпорации што се обидуваат да влезат во оваа сфера на транспортот.