+389 2 3290 020

info@gps.mk

Часовникот на Apple ќе може да препознава дијабетес

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Часовникот на Apple ќе може да препознава дијабетес
apple watch дијабетес

Со помош на алгоритам, паметниот часовник на Apple сега може да предвиде дијабетес со точност од 85 проценти, според последните истражувања на основачот на Cardiogram, Brandon Ballinger.

Студијата е дел од DeepHeart, невронска мрежа која бележи преку 200 милиони мерења. За неа се користени податоци од 14.000 корисници на Apple часовникот. Со помош на сензорот за срцеви отчукувања на часовникот, биле дијагностицирани дека 462 од нив имале дијабетес. 

После поврзувањето на алгоритамот, базиран на AI, со Cardiogram, Ballinger и неговите колеги го користеле часовникот на Apple за откривање на абнормален срцев ритам со точност од 97 проценти, апнеја за спиење (запирање на дишењето за време на спиењето) со точност од 90 проценти и хипертензија со точност од 82 проценти.

cardiogram apple watch дијабетес

Часовникот на Apple не претставува само додаток, туку и уред кој помага во водење на поздрав живот. Тој е способен за разни задачи, идеален за сите оние кои сакаат да вежбаат, а во иднина со помош на новиот алгоритам ќе претставува и уред со кој секој ќе може да води грижа за своето здравје.