+389 2 3290 020

info@gps.mk

Google Clips – камера која автоматски ги снима најинтересните моменти

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Google Clips – камера која автоматски ги снима најинтересните моменти
google clips камера

Google Clips – Камера која користи вештачка интелигенција за да ги снима само интересните моменти.

Поставена е сама да направи фотографии и видео снимки без звук, на луѓе и миленици кои ги познава. Според Google, камерата користи вештачка интелигенција за автоматски да ги препознае најинтересните моменти, со препознавање на изрази на лицата, расположенија, препознавање на одредени движења. Ова значи вистински, спонтани снимки на искрени моменти.

Снимките можат да се експортираат како видео, фотографии или GIF фајлови. Google Clips нуди три часа издржливост на батеријата. Се одликува со сензор од 12 мегапиксели и објектив со видно поле од 130 степени. Внатрешната меморија е 16 GB.

Google ги уверува сите дека нема нарушување на приватноста со овој уред – кога камерата е во режим на снимање светлото напред трепка, и видео снимките се без звук. Исто така, нема да бидат прикачени на облакот (Cloud) автоматски, освен ако вие самите не одлучите дека се доволно добри за да ги зачувате таму.

Камерата чини 249 долари, а од Google најмногу ја препорачуваат на родителите кои што сакаат да ги снимаат и фотографираат своите деца.