BMW батериите ќе имаат рок на траење од 15 години

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > BMW батериите ќе имаат рок на траење од 15 години

Батериите, вградени во plug-in хибридните модели и електричните автомобили на BMW, ќе имаат рок на траење од 15 години.

Од BMW тврдат дека нивните електрични возила ќе го имаат истиот животен век како и моменталните возила со внатрешно согорување, и покрај одредена деградација во ефикасноста на батеријата.

За издание на Caradvice, шефот на акумулаторната поделба на Концернот, Андреас Реит, изјави дека доказ им се теренските податоци кои ги имаат од нивната моментална флота на plug-in хибридни модели, и досега не добил никаква реакција за неисправна батерија од свој електричен или хибриден модел.

Реит додаде дека по 15 години користење, капацитетот на батериите ќе се намали за 20-30%, но и покрај тоа погонскиот агрегат на автомобилите ќе продолжи да работи со исто темпо.

После употребата литиум-јонските батерии имаат потенцијал за секундарна употреба и обработка или да се рециклираат. Реит додаде дека за разлика од личните уреди како iPhone на Apple, кои имаат само 3 проценти стапка на рециклирање, електричните возила ќе бидат многу различни.

BMW започнаа со електрифицирани возила со нивната низа од хибриди. Брендот очекува да имаат уште 25 електрифицирани модели до 2025, од кои 12 да бидат целосно електрични.