eVito – новото електрично комбе на Mercedes-Benz

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > eVito – новото електрично комбе на Mercedes-Benz

Како дел од својот план за електрификација, Mercedes-Benz ќе додаде електричен погон за сите свои комерцијални комбиња, со што ќе ги направи еколошки и релевантни, и започнува со нарачки за новото електрично комбе eVito.

Минатата година, Мерцедес го претстави прототипот за новото целосно електрично комбе наменето за индустријата за испорака.

ЕVito е комбе со средна големина со батерија од 41,4 kWh, овозможувајќи да патува до 150 km со едно полнење, според германскиот производител на автомобили. Со електричен мотор од 84 kW, комбето може да достигне максимална брзина до 120 km/h.

Додека компанијата сега почнува да прима нарачки за новото електрично комбе, возилото ќе се најде на пазарот во втората половина од 2018 година. По лансирањето на eVito во 2018 година, дополнителни модели ќе следат во 2019 година.

Mercedes-Benz исто така е фокусиран на зголемување на потрошувачката линија на ЕВ, со проект вреден една милијарда долари за производство на електрични SUV и батерии во Алабама и залог за електрифицирање на “целото портфолио” до 2022 година.

Дајмлер, матичната компанија на Mercedes-Benz, веројатно е една од најагресивните основачи за електрификација. Ова комерцијално комбе е само последниот пример за неколку програми за електрични возила во Дајмлер. “Mercedes-Benz” има целосно нова линија за електрично возило што почнува во 2018 година. Се разбира, тие не се единствените компании со големи планови за иднината на транспортот. Претходниот месец, Фолксваген се обврза да инвестира 40 милијарди долари во електрични и водородни возила, додека „Џенерал моторс“ прави чекори за лансирање на 20 електрични автомобили до 2023 година.