+389 2 3290 020

info@gps.mk

Панорама претставува софтверско решение изработено по најсовремени технологии кое на корисникот му овозможува целосна слика и комплетни информации од движењето/мирувањето на возилата. Возилата може да бидат претставени на географска карта или во табеларна форма со своја моментална позиција (реално време). Истовремено возилата можат да се претстават во измината временска рамка и истото да послужи за натомошни анализи и планирања.

МОДУЛИ НА АПЛИКАЦИЈАТА

Следење

• Секунда по секунда следење во „живо“ на возила
• Прилагодливи карти на целиот свет
• Четири типови на мапи – OpenStreet, Google, Bing и Yahoo maps.
• Брз преглед на целата флота на возила
• Детали за возилата: податоци за статус на возило, брзина на возилото и момантална адреса.

Детални извештаи

Извештаите се прилагодливи според датумски опсег и според возило, а може да се прикажат преку графички или табеларен приказ. Извештаите може да бидат сумарни, според поминато растојание, според активност на возилата (возење, работење во место, исклучен мотор), според максимална брзина, надминување на дозволени брзини, според посетени точки од интерес, според посетени зони од интерес, реконструкција на движење… Истите може да се преземат во Excel формат, PDF формат или преку Е-маил.

Предупредувања и известувања

• Е-маил или СМС известувања
• Известување за надмината брзина
• Предупредување за влез или излез од предефинирана географска зона
• Предупредување за посета на точки од интерес
• Предупредување за статус на моторот
• Блокада на мотор
• Известувања за број на патници
• Опционално: Комуникација помеѓу возачи и централа

Диспечерски центар

ПАНОРАМА им овозможува на диспечерите, во секое време, да ја знаат точната локација на секое возило од флотата и рачно или автоматски да го пронајдат најблиското возило до одредена дестинација. Оваа можност резултира со можноста за ефикасно рутирање на возилата и обезбедува заштеди.

Одржување на возилата

• Превентивно одржување
• Целосен увид на трошоците поврзани со флотата на возила
• Употреба на горивото и негова потрошувачка
• Следење на ниво на гориво
• Читање на одометар

Подесувања

• Прилагодување на извештаите
• Информации за возила
• Информации за вработени
• Подесување на точки од интерес
• Подесување на географски зони

Креирање на налози

• Креирање на рута на движење на возилата
• Следење на рута на движење на возилата
• Предупредувања за напуштање на рута
• Предупредувања за непочитување на редослед на рута