+389 2 3290 020

info@gps.mk

4 нови станици за полнење на електрични автомобили во Скопје

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > 4 нови станици за полнење на електрични автомобили во Скопје
полначи за електрични автомобили

Четири полначи за електрични автомобили беа поставени на неколку локации во Скопје, резултат на соработката помеѓу град Скопје и ЕВН Македонија. Идејата на проектот е да се поттикне користењето возила на електричен погон што ќе придонесе за заштита на животната средина и да се намали аеро-загадувањето во Скопје.

Еден од полначите за електрични возила беше промовиран на паркингот на Зоолошката градина каде беа присутни Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија.

Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов изјави:

„Сообраќајот е еден од изворите на загадување и поради тоа унапредувањето на овој сегмент е исклучително важно за граѓаните. Поддршката од ЕВН Македонија е од големо значење, бидејќи испраќа една јасна порака, дека за поздрав и почист град, одговорни сме сите и сите може да придонесеме. Целта е наскоро и јавниот превоз да користи електрична енергија. Во Буџетот за 2018 година планирано е субвенционирање од 100 милиони денари на ЈСП за набавка на зглобни електрични Еко-автобуси. Се надеваме дека на скопските улици ќе можеме да видиме и електрични такси возила и други видови превозни средства кои се на електричен погон. Ќе работиме и со Владата на нови законски решенија кои ќе поттикнат и овозможат поширока употреба на електричните возила.”

полнач за електричен автомобил

Сопствениците на електрични возила во 2018 година ќе можат бесплатно да ги полнат своите возила на неколку локации во Скопје, и тоа: плоштад Македонија, Рамстор во центар, Зоолошката градина и Капитол мол.

Според податоците од МВР, градоначалникот Шилегов рече дека во 2016 година во Македонија биле регистрирани 80 електрични возила од кои само во Скопје 47.