+389 2 3290 020

info@gps.mk

Alauda – стартап компанија која најавува летачки автомобил

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Alauda – стартап компанија која најавува летачки автомобил

И покрај тоа што Kitty Hawk е првиот летачки автомобил кој беше најавен оваа година, реалноста за летачки автомобили сеуште ни изгледа далечна.

Австралиска стартап компанија Alauda, има амбиции за остварување на оваа реалност во блиска иднина.

Компанијата е основана од Matt Pearson, кој веќе две години работи на овој проект, како дел од тим составен од 5 лица во Сиднеј.

Airspeeder Mark I е quadcopter – поголема верзија на дрон, со едно седиште за пилотот. Направен е од дрвени пропелери, електрични мотори со моќност од 50 мегавати и алуминиумска рамка. Ќе се напојува со литиум – јонски батерии и ќе има максимална брзина од повеќе од 200 km/h.

(Фотографија: Alauda)

Airspeeder ќе има сензори за да спречи судар, но истовремено разгледуваат и систем за безбедност од типот на Mars Lander, кој користи воздушни перничиња за да го заштити возилото при удар. Можеби динамиката на Airspeeder ќе биде различна, сепак површината за контрола ќе биде слична со нормален авион.

Matt Pearson се надева дека ќе има тест-трка со два Airspeeder летачки автомобили низ пустина во подоцнежната половина од 2018, со цел да започне Grand Prix во 2020 година. Тие ќе бидат беспилотни во почетокот, додека тимот работи на безбедносните системи на автомобилот.

Alauda сеуште ги тестира прототипите на терен низ австралискиот воен воздушен простор со дозвола од владата. Pearson е моментално единствен инвеститор на компанијата.