+389 2 3290 020

info@gps.mk

Амбициозните планови на Тесла и Маск до 2020 година

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Амбициозните планови на Тесла и Маск до 2020 година
planovi na Tesla

Генералниот директор и основач на Тесла, Илон Маск има амбициозни планови за проширување на компанијата во текот на следните неколку години.

Една од најзначајните работи што ги планира Маск е голем удар со електричните возила во Кина. Компанијата има за цел да започне со производство на своите автомобили во новата фабрика во Шангај за околу три години.

Еве кои се дел од останатите планови на Tesla и Маск за постигнување до 2020 година:

Гигантската фарика за батерии во Невада

Фабриката, која е околу 5,5 милиони квадратни метри, Тесла проценува дека ќе помогне да ја намали цената на батериите за дури 30 отсто откако ќе биде целосно оперативна во 2018 година. Всушност, Тесла рече дека ќе создаде повеќе батерии во гигафабриката од сите производители на литиум-јонски батерии комбинирани заедно во 2013 година.

планови на тесла

Модел 3

Целта е до март идната година да се достигне производство од 5 илјади примероци месечно. Компанијата речиси истовремено треба да го испорача ветениот софтвер за автономно возење на автомобилот „автопилот“, кој би требало автономните возила да ги доведе чекор поблиску до петто ниво на автономија пред 2020 година.

планови на тесла

Компактен SUV

Во јули 2016 година, Маск потврди дека Тесла планира да донесе на пазарот нов компактен SUV, наречен Модел Y, кој ќе биде готов во втората половина на 2019 или почетокот на 2020 година.

Електричниот камион Тесла Семи

Минатиот месец Тесла го претстави она што веројатно ќе биде иднината на камионската индустрија, “Тесла Семи”. Долго очекуваниот камион, може со едно полнење да помине 800 километри. Од компанијата соопштуваат дека ваквите камиони ќе почнат со производство во 2019 година.

планови на тесла

Пик-ап 

Мaск кога зборуваше за електричниот камион спомна и електричен пик-ап, кој може да се очекува некаде помеѓу октомври 2018 и април 2019 година.

Целосно автономни автомобили

Тесла цели кон тоа да ги направи своите автомобили автономни многу побрзо од очекуваното. Mаск за време на TED Talk во април изјави дека најверојатно ќе биде 2019 година кога возачот ќе може да се опушти зад воланот на Тесла автомобил.

Компанијата започна да го произведува својот Enhanced Autopilot хардвер во октомври. Маск рече дека хардверот ќе овозможи целосна автономија откако ќе биде подготвен и софтверот. Тој исто така изјави дека поголемата препрека е што мала е веројатноста до тогаш да постојат закони за автономни автомобили.

Тесла првично имаше за цел да се вози еден од своите автомобили низ САД во автономен режим до крајот на оваа година. Но, во август Маск изјави дека компанијата ќе го одложи возењето за 2018 година.

планови на тесла

Автоматизирање на производниот процес

Маск стана опседнат со автоматизирање на фабриките на Тесла во изминатите неколку години.

“Најголемата епифанија што ја имав оваа година е дека она што навистина е важно е машината што гради машина, фабрика”, рече Маск за време на интервју со Sam Altman во септември 2016 година. 

Компанијата се бори да го усоврши високо-автоматизираниот систем кој ќе се користи за производство на батерии за Моделот 3 во својата гигафабрика. Ова ги задоцни производните цели за возилото за три месеци досега. Но, со постигнување на крајната цел, автоматизираниот систем ќе му овозможи на Тесла да произведува автомобили многу побрзо од претходно.

Суперполначи

Тесла ја започна 2017 година со околу 5.000 суперполначи низ целиот свет. Сепак, компанијата во април изјави дека планира повеќе од удвојување на тој број до крајот на годината. Според веб-страницата на компанијата, во моментов има 1.043 станици за полнење со 7.496 суперполначи.

planovi na Tesla

Tesla Network

Кога автомобилите на Тесла ќе бидат целосно автономни, нивните сопственици преку посебна апликација ќе ги додаваат  во Tesla Network и ќе ги изнајмуваат на други корисници, па така ќе можат да заработуваат пари од својот автомобил.

Енергетска компанија

Тесла вложува голем напор да стане полноправна енергетска компанија. По купувањето на Solar City во ноември минатата година, компанијата е особено фокусирана за развој на бизнисот со батерии и солар. Тесла планира да го префрли производството на соларен покрив во својата нова гигафабрика 2 во Бафало, Њујорк, што ќе им помогне значително да се зголемат инсталациите во 2018 година.