+389 2 3290 020

info@gps.mk

Автобусите во Лондон се движат на биогориво создадено од кафе

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Автобусите во Лондон се движат на биогориво создадено од кафе

Јавниот превоз во Лондон ќе користи ново биогориво создадено со мешање на дизел-гориво и остатоците од кафе.

Биогориво направено од преработка на отпадни производи, како што е масло за готвење, веќе се употребува во повеќе автобуси. Сепак, гориво создадено од кафе е за прв пат во употреба во јавниот превоз на Лондон.

Според податоците од “Био-Бин”, компанијата што го произведува горивото, еден просечен жител на Лондон дневно консумира по 2-3 шојли кафе, од кои се создаваат околу 200.000 тони отпад на годишно ниво. Компанијата зема дел од тој отпад од кафулиња и фабриките за кафе, го суши материјалот и го извлекува маслото од него, кое потоа го користи во своето гориво. Со оваа комбинација од масло и дизел-гориво го создава своето ново Б20 гориво.

Досега компанијата има создадено околу 6.000 литра масло од кафе. Ако тоа се комбинира со дизел, ќе се произведе доволно гориво за движење на еден автобус секојдневно една година.

Според нив, со користењето на ова био-гориво емисиите на јаглерод диоксид се намалуваат за 15 до 20 отсто без модификација на постоечките мотори на автобусите.

Биогоривото е дел од новите еколошки мерки за градскиот сообраќај во Лондон. Дел од мерките е и набавка на флота од нови хибридни автобуси, а крајна цел е до 2050 година Лондон да има јавен превоз кој воопшто нема да генерира емисија на штетни гасови.