+389 2 3290 020

info@gps.mk

Автомобил кој се управува со мисли, наменет за лицата со посебни потреби

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Автомобил кој се управува со мисли, наменет за лицата со посебни потреби

Демонстриран е иновативен автомобил кој се управува со мисли и е наменет за лицата со посебни потреби.

Автомобилот е развој на Државниот универзитет Лобачевски (ННГУ) во Нижни Nовгород со поддршка на петербургскиот институт за роботехника и кибернетика ЦНИИ. Претставува  компактно градско возило со должина помала од три метри, опремено со уникатен систем за симнување на сигнали од мозокот и нивно трансформирање во контролни команди.

Ова возило наменето е најмногу за постари луѓе кои поради својата возраст не можат да управуваат со автомобил. Машината исто како и беспилотните автомобили е опремена со органи за вештачка интелегенција, но управувањето останува од возачот преку силата на мислата.

Автомобилот ќе им помогне на лицата со посебни потреби кои страдаат од патологија на екстремитетите, церебрална парализа, склероза, последиците од траума во главата и други заболувања. За управувњето се користи специјална капа со сензори, која ги заменува основните контроли, а возачот ќе треба само да размислува каде сака да управува.

Ова е руски развој на т.н. неврон – возило кое треба да се најде во сериско производство за три години – објавено е дека автомобилот ќе се најде во производство во серии од 2021 година, а се очекува автомобилот да патува со едно полнење од 200 до 600 km, пишува Автоплус.