Во Белград ќе се одржи најголемиот годишен собир на европските членови на Mensа, организацијата која ги обединува луѓето со коефициент на интелигенција повисок од 148, на кој ќе присуствуваат повеќе од 500 нејзини членови од 38 земји, пишува Иновативност.
Како што е најавено од Mensa Србија, во Белград во среда ќе пристигнат членовите на Mensа не само од Европа, туку и од Јапонија, Хонгконг, Чиле, САД , Сингапур, Нов Зеланд, Австралија, Канада и Јужноафриканската република, а се очекува да дојдат и претставници од највисоките тела на светската Mensa и националните организации.
Во пресрет на собирот, кој ќе почне на 1 август, а кој е прилика учеснците преку разни предавања да се запознаат со Белград и со Србија, ќе биде одржана и научна конференција „Надареност, орбазование и развој”.
На собирот ќе учествуваат околу 100 предавачи од 16 земји, а се одржува со поддршка на Министерството за образование, наука и технолошки развој, како и Министерството за труд.