+389 2 3290 020

info@gps.mk

Безбедноста пред сѐ

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Безбедноста пред сѐ

Волво соопшти дека од следната година ќе ја ограничи максималната брзина до 180км на своите нови автомобили. Целта е да се зголеми безбедноста на патиштата бидејќи премногу луѓе се сериозно повредени или дури и убиени поради прекумерно забрзување. Новата брзина ќе се имплементира на сите модели од 2021 година, соопшти компанијата.

 

 

“Забрзувањето е еден од главните придонесувачи за смртта на патот, заедно со интоксикација на дрога и пијалаци како и користење на мобилни телефони” изјави главниот извршен директор на Волво, Хакан Самуелсон, и додаде дека Волво не е “автомобил за момчиња”.

Волво исто така истражува како користењето на GPS технологијата може да се користи за автоматско ограничување на брзините околу училиштата и болниците. Технологијата има голем потенцијал да ја подобри безбедноста на патиштата и да ги спречи несреќите.