+389 2 3290 020

info@gps.mk

Brain-to-Vehicle – технологијата на Nissan за управување со возило преку мозочни бранови

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Brain-to-Vehicle – технологијата на Nissan за управување со возило преку мозочни бранови
brain-to-vehicle

Nissan ги објави првите детали и видео на целосно новата технологија Brain-to-Vehicle, за зголемување на безбедност и комфорот во автомобилите.

Nissan соопшти дека планира да ја демонстрира технологијата “Brain-to-Vehicle” (B2V) на саемот за иновации (CES 2018) во Лас Вегас оваа недела. Компанијата соопшти дека технологијата ќе гo редефинира начинот на кој луѓето “комуницираат” со своите автомобили.

brain-to-vehicle

Возачите ќе носат капа покриена со жици кои ќе ги читаат мозочните бранови за да го направат времето за реакција на автомобилот побрзо. Технологијата може да го иницира процесот пред да може возачот да реагира на неговите или нејзините мисли, на пример, возилото почнува да реагира (да кочи, врти , забрзува…) уште пред раката или ногата на возачот да го „стори“  движењето.

Претекнувајќи ја реалната реакција на возачот, Nissan Brain-to-Vehicle може да го преземе потребното дејство, да почне со вртење или да ги активира сопирачките, за 0,2 до 0,5 секунди порано, а во исто време оваа интервенција да остане речиси незабележана.

brain-to-vehicle

„Кога луѓето ќе помислат на автономни возила, имаат безлична визија за иднината, каде луѓето целосно се потпираат на контрола од страна на машините. B2V технологијата е токму спротивно. Преку сигналите од мозокот, возачите ќе имаат повозбудливо и попријатно возење“, вели извршниот потпретседател на Nissan, Даниеле Скилачи.

Уникатната B2V технологија може да биде интегрирана и во возила со автономно управување, а при регистрирање на непријатност кај возачот, вештачка интелигенција може да активира различни режими на однесување на патот и подесувања на возилото.