+389 2 3290 020

info@gps.mk

Дали LED фаровите се опасни за безбедноста во сообраќајот

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Дали LED фаровите се опасни за безбедноста во сообраќајот
LED фаровите

Според истражување на Кралскиот мотор клуб – RAC две третини од возачите тврдат дека биле привремено заслепени од диодните фарови. Еден од десетмина возачи изјавиле дека им требалo пет до десетина секунди да го добијат својот вид.

Додека LED светлата може да ги направат патиштата да се подобро осветлени за возачот, тие создаваат ризик за другите возачи. Околу 15 проценти од возачите во анкета изјавиле дека речиси губат ориентација заради заслепување од фаровите на автомобилите од спротивен правец.

Во исто време, производителите се повеќе ги вградуваат во своите автомобили, бидејки имаат повеќе предности – подолг век, помали се и имаат помала потрошувачка на енергија.

LED диодите не содржат штетни супстанции и не испуштаат ултравиолетово зрачење. Но, и покрај тоа, тие се поопасни за возачите, според извештајот на RAC. Експертите утврдиле дека веројатноста за заслепување на возачите на идните автомобили е далеку поголема кај автомобилите со LED оптика. Поентата е дека светлосниот зрак на диодниот фар е пофокусиран и не го одвлекува вниманието.

Употребата на LED технологијата во фаровите е значително зголемена во последните неколку години. Со нивното воведување создадена е основа за еден нов вид на „паметни“ долги светла, кои подобро ќе го осветлуваат патот и автоматски ќе се прилагодуваат на ситуацијата во сообраќајот, токму поради тоа за да не ги заслепуваат другите возачи.