+389 2 3290 020

info@gps.mk

Дали со вградување плин се оштетува моторот?

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Дали со вградување плин се оштетува моторот?
вградување плин

За вградување на плин потребно е моторот да биде фабрички прилагоден за плинска инсталација. Ова е потребно бидејќи напојувањето со плин воопшто нема функција за ладење на вентилите, со што обичните вентили и нивните седишта се осетливи на оштетувања, пишува USB.

Преминот на бензинот од течна во гасовита стостојба има голема потреба од кислород на висока температура од околината. При напојувањето со плин, кој е во гасовита агрегатна состојба, во околината на вентилите остануваат големи количества неискористен кислород со висока температура.

Кога на моторот веќе му е „наложено“ да работи со вишок топол кислород, неизбежно е вградување на квалитетна инсталација со подесувачки параметри во зависност од самиот агрегат и поставеноста на вентилите, која ќе вбризгува моторно масло на вентилите за додатно ладење.

Пред да вградите плински уред во вашето возило, сериозно размислете за горенаведеното, за трошоците за поправки да не се изедначат со заштедата на бензинската пумпа. Ризиците се најмали ако купите квалитетна опрема со соодветен систем за ладење на вентилите со моторно масло.