+389 2 3290 020

info@gps.mk

Електричен автобус кој е 27 метри долг

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Електричен автобус кој е 27 метри долг

 

Со капацитет од 250 патници, долг 27 метри и максимална брзина од околу 64 километри на час, кинескиот производител BYD го претстави најдолгиот електричен автобус во светот К12А.

 

 

BYD користејќи ја својата технологија за сигурни производи и иновативни решенија, на патниците ќе им овозможи да уживаат во тивко патување без загадување.

Како лидер во електричниот транспортен простор, BYD произведе над 50.000 автобуси на електричен погон за девет години. Додека пак на 29 јануари, со гордост го лансираше најголемиот светски, електричен, двокатен, автобусен возен парк во северозападниот дел на Кина Ксиан.