+389 2 3290 020

info@gps.mk

ЕУ одобрени тестирања на емисии за редукција на азотни оксиди (NOx)

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > ЕУ одобрени тестирања на емисии за редукција на азотни оксиди (NOx)

Новите одобрени тестирања на емисии од страна на Европската комисија се првиот чекор кон значителна редукција на азотни оксиди (NOx), тврди Emission Analytics.

Од 2017 година, дел од процесот на одобрување за патнички автомобили вклучува задолжителен тест со користење на систем за мерење на преносни емисии (PEMS). За прв пат официјални тестови ќе бидат спроведени надвор од лабараторијата за мерења на нивоата на азотни оксиди (NOx) емитирани при вистинско возење.

“Нашите податоци за најновите Euro 6 дизели покажуваат подобрување на Euro 5 за 49%”, објаснува Ник Молден, извршен директор на Emission Analytics.

Како снабдувачи на податоци за емисии од реалниот свет, Emission Analytics има податоци за повеќе од 350 дизел автомобили. Најраните Euro 6 дизели произведуваа нивоа на NOx во просек од 7.1 пати повеќе од законските ограничувања, како што е прикажано во извештајот на Меѓународниот совет за чист транспорт во 2014 година, на кој придонесе и Emission Analytics. Неодамнешните Euro 6 дизели покажуваат значителни подобрувања во емисии на NOx, но сеуште се повеќе од три пати поголеми од законските граници од 0.08g/km.

Сепак, неодамнешен проект со “The Sunday Times” истакна дека иако производителите на автомобили постигнале значителен напредок, сеуште имаат голем предизвик. Emissions Analytics заклучи дека просечната варијанса на сите Euro 6 дизел автомобили досега тестирани е 4.4 пати поголема од законските ограничувања, но она што беше особено впечатливо беше варијансата помеѓу типовите на модели, бидејќи производителите користат различни пристапи за редукција на емисиите.

Новата одобрена тест процедура за Real Driving Emission (RDE) е дизајнирана да се справи со долготрајна неусогласеност помеѓу лабараториските тестови и резултатите од реалниот свет.