+389 2 3290 020

info@gps.mk

Finetza – луксузна “куќа на тркала”

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Finetza – луксузна “куќа на тркала”
Finetza

Kомпанијата “Indias Pinnacle Specialty Vehicles” го создала моделот Finetza – луксузна “куќа на тркала”.

Возилото е означено како прва куќа на тркала на компанијата. Моделот однадвор изгледа робусно, додека ентериерот е удобен и е дизајниран луксузно.

Pinnacle е базиран на моделот Force Motors Traveller кој во суштина е комерцијално комбе или мал автобус, идеален за надградба на прекрасен кампер со различни димензии и дизајни.

Finetza

Камперот е долг 6.857 милиметри кога се вози, а кога е паркиран има дел кој се извлекува назад, и така продолжен е долг 8.447 милиметри. Finetza поседува четирицилиндричен дизел агрегат со зафатнина од 3.2 литри кој развива 115 коњски сили и може да превезува до осум патници.

Овој модел беше премиерно претставен на изложбата Auto Expo во Индија во февруари. Цената варира во зависност од опциите, но почетната цена е околу 76.000 долари.