+389 2 3290 020

info@gps.mk

Google ја претстави новата апликација Lookout за слепи

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Google ја претстави новата апликација Lookout за слепи
Google Lookout

Google ја претстави новата апликација Lookout, која е создадена со цел да им помага на слепите и слабовидните луѓе.

Апликацијата на корисниците им дава гласовен опис на околината околу нив и предупредувањата кои корисниците ги известуваат за можни препреки на патот, објави Engadget.

Lookout ја користи камерата на телефон и може да прочита и текст, на пример каде што пишува излез или влез во некој објект. Засега апликацијата е екслузивна за линијата уреди Google Pixel и се препорачува уредот корисниците да го носат околу врат бидејќи апликацијата се потпира на камерата од мобилниот телефон.

Од Google не откриваат кога ќе биде достапна апликацијата на пазарот, но истакнуваат дека тоа ќе биде до крајот на годината.