+389 2 3290 020

info@gps.mk

Hyundai отвори виртуелен салон за автомобили на Amazon

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Hyundai отвори виртуелен салон за автомобили на Amazon
hyundai

Hyundai и Amazon ги здружија силите за да направат витруелен салон за автомобили во делот за продажба на автомобили Amazon Vehicles, пишува Engadget.

Оваа соработка со Amazon на купувачите им дава можност да добијат информации за возилата на Hyundai на начин кој ќе ги исполни нивните очекувања. Hyundai и дилерите на нашите автомобили го модернизираат начинот на купување, па многу логично беше да бидеме првата компанија со свој дигитален салон за автомобили“ изјавија од компанијата.

Онлајн моментално нема да може да се порачува автомобили, виртуелниот салон нуди само детали за повеќе модели, со линкови до локални дилери со автомобили. Можете да видите цени и опции за секој модел на Hyundai, а кога ќе изберете кој автомобил го сакате, ќе бидете префрлени на страницата на Hyundai до тој конретен модел. Можете да побарате тест возење, а има и калкулатор кој ќе ви пресмета колку ќе чини автомобилот да се купи или да се закупи, како и линкови до локални дилери на тој автомобил.