+389 2 3290 020

info@gps.mk

Капки за очи кои би можеле да ги заменат контактните леќи и очила

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Капки за очи кои би можеле да ги заменат контактните леќи и очила

Капките за очи што ги развиле истражувачи од Израел може еден ден да ги решат проблемите со видот.

Израелските истражувачи од Медицинскиот центар Шаре Зедек и Универзитетот Бар-Илан тврдат дека нивните нови “нанокапки” ја подобруваат кратковидоста и далекувидоста, пишува INQUIRER. Нанокапките содржат синтетички наночестички кои помагаат да се исправи проблемот кој предизвикува проблеми со видот.

Со цел нанокапките да функционираат како што е наменето, пациентите прво треба да стартуваат апликација со која ќе се измери рефракцијата (прекршувањето на светлината) на нивните очи. Ова ќе обезбеди податоци за тоа колку треба да се подобрува видот. На основ на тоа креира ласерски шаблон кој потоа би се „удрил како печат“ на корнеалната површина на очите. Нанокапките се додаваат на завршувањето на процедурата.

капки за очи замена за очила

Иако првичните резултати се добри, сепак сеуште не се знае колку често нанокапките може да се користат и колкава количина е потребна за да се поправат проблемите со очите. Ако истражувањето докаже дека се успешни, ваквите капки би биле замена за контактните леќи и очила.