Кинеските научници развиле прототип на ласерска пушка, каква што до сега гледавме само во научно-фантастичните филмови.
Научниците ласерското оружје го нарекле ZKZM-500 и по димензиите е речиси иста како познатата автоматска пушка АК-47, позната како Калашњиков, а неговата главна особина е тоа што може од 800 метри практично да запали човек. Но сепак тие тврдат дека оружјето засега не е смртоносно, но може да предизвика сериозни изгореници на човечкото тело.
Пушката тежи три килограми и работи на литиум-јонска батерија која што овозможува испалување до 1000 „куршуми“ со испраќање на ласер до противникот на секои две секунди. Иако покрај тоа што звучи смртоносно, научниците велат дека не е, и дека оваа пушка може најмногу да им користи на полициските единици за разбивање на толпи чија што цел е разбивање и онеспособување на противник.
Ласерските зраци се невидливи и при испукувањето оружјето не испушта никаков звук.
Пушката наводно е веќе подготвена за масовно производство, пишува Точка.