+389 2 3290 020

info@gps.mk

Колку загадува едно пребарување на Google

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Колку загадува едно пребарување на Google
google servers

Google работи на илјадници сервери кои работат на струја и има 3,5 милијарди пребарувања дневно што овие сервери треба да ги обработат, пишува off.net.

За обработка на овие 3,5 милијарди пребарувања Google опфаќа 40% од целото загадување што доаѓа од интернетот.

Сервисот CO2GLE во реално време мери колку CO2 е испуштен само од Google во периодот додека ја имате отворено веб-страната. Основната математика на проектот е дека Google обработува по 47.000 пребарувања во секунда, за што создава загадување од 500 кг. CO2. Што значи околу 10 грама по пребарување.

Google не ги спори овие бројки, но дава друга статистика според која за 1 корисник да добие Google услуги цел месец се создава еднаква количина на загадување како и од просечен автомобил кој минал една милја.