+389 2 3290 020

info@gps.mk

KomPay првиот електронски паричник во Македонија

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > KomPay првиот електронски паричник во Македонија
kompay

KomPay е мобилна апликација наменета за корисници на „Mastercard“ платежни картички, кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем. Со помош на  NFC технологијата за плаќања, мобилната апликација станува “електронски паричник” кој ќе им обезбеди на корисниците побрзо и поедноставно безконтактно плаќање.

KomPay може бесплатно да се преземе преку Google Play Store, во промотивниот период од денеска до 30 април 2018 година, за две картички, а секоја наредна или по истекување на промотивниот период дигитализирањето на картичката ќе се наплаќа 150 денари еднократно.

„Денес, кога ја одржуваме една од најголемите мрежи на банкомати и ПОС терминали во земјата, и имаме најбезбедна платформа за Интернет и Мобилно банкарство, задоволство ни е нашите сограѓани да ги доближиме до најсовремените светски текови во доменот на дигитализирани плаќања. Ова всушност отсекогаш била нашата цел – да понудиме што подобри и побезбедни решенија, за нашите клиенти да добијат најмногу за своите средства„ изјавија од Комерцијална банка АД Скопје.

Комерцијална банка АД Скопје е прва банка во Република Македонија што ја обезбедува оваа услуга за своите клиенти.

kompay