+389 2 3290 020

info@gps.mk

Подготвена е за Путин – моќната претседателска лимузина ги помина сите тестови

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Подготвена е за Путин – моќната претседателска лимузина ги помина сите тестови
владимир путин

Линијата луксузни лимузини и теренци наречени „Кортеж“, создадени под иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин, ги помина краш-тестовите и наскоро една од нив ќе биде подготвена за рускиот претседател.

Иницијативата беше објавена пред неколку години, со цел претседателот да има свое посебно возило, но истовремено и да се развива линија за другите високи државни функционери, вклучувајќи и специјализирани возила, мини комбиња и СУВ автомобили. Во меѓувреме се појавија фотографии и видеа од прототипот за луксузната претседателска лимузина.

владимир путин

Рускиот министер за индутрија и трговија Денис Мантуров потврдил дека по бројните тестови, „Кортеж“ кон крајот на годината ќе биде подготвена за сериско производство.

Тој за руски „Известија“ рече дека лимузината на Путин поминала низа краш-тестови и дека реултатите се позитивни „Автомобилот наскоро ќе биде подготвен за јавна презентација“, додаде Мантуров.

Мантуров рече дека се надева оти рускиот претседател наскоро ќе почне да ја користи неговата нова лимузина.

Дел од производството на овие возила ќе биде достапен и на слободниот пазар, објави Кајгана.

владимир путин