+389 2 3290 020

info@gps.mk

Луѓето ќе живеат 130 години со тело и ум како да имаат 22

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Луѓето ќе живеат 130 години со тело и ум како да имаат 22
иднина генетска терапија

Генетската терапија може во иднина да овозможи луѓето да живеат 130 години, а телото и мозокот да им останат млади, пишува N1info.

Научници, од Универзитетот Харвард, претходно со истражувања докажале дека вградувањето гени на едноставни организми како мувите и црвите може да им го дуплира животниот век.

Веќе направивме многу тестирања со глувци, а сега продолжуваме со тестови на кучиња. Потоа ќе почнеме да тестираме и на луѓе изјавил генетичарот Џорџ Черч.

Генетичарите почнаа експерименти на кучиња и тврдат дека можат да ги подмладат животните со додавање нови ДНК упатства во нивните клетки. Тие веруваат дека процесот може да се примени и на луѓе, пренесуваат научните списанија во светот.

Џорџ Черч најавува дека и сам ќе се пријави за тестирање ако се покаже дека е безбедно. Според него истражувањата би биле профитабилни и ако процесот е успешен само кај кучиња.

Научниците порачуваат дека целта на тестирањата е човекот во иднина да има тело и ум како дваесетгодишник, а искуство на човек стар 130 години.