+389 2 3290 020

info@gps.mk

Надворешни воздушни перничиња на автомобилите

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Надворешни воздушни перничиња на автомобилите

Во текот на изминатите три децении, технологијата непрекинато изненадува со изуми за кои не сме можеле ни да замислиме дека се возможни. Автомобилската индустија овој пат изненади со воздушни перничиња на надворешноста на автомобилот. Многу луѓе, особено оние кои биле заштитени од повреда или смрт благодарение на воздушните перничиња, мора да се запрашале: Што ако ја ставиме истата технологија на надворешноста на автомобилот? Германскиот авто снабдувач ZF Friedrichshafen AG, помина 10 години работејќи токму на надворешното воздушно перниче.

 

 

Надворешните воздушни перничиња се поголеми, и се појавуваат од изненадувачки места во внатрешноста на вашиот автомобил .Со системот на ZF, надворешната каросерија под вратите на автомобилот ќе имаат едно воздушно перниче што ќе се отвара по целата должина на вратите. Сензорите ќе внимаваат на какви било предмети што изгледаат дека веројатно ќе се судрат во автомобилот. Кога компјутерите одлучуваат дека несреќата е неизбежна, тие се отвараат од страничниот праг, отворајќи го воздушното перниче. За не повеќе од 100 милисекунди, инфлаторите го исфрлаат воздушното перниче до висина на преден браник.

 

 

Радарските сензори се одлични за мерење на растојанието и се практично имуни на измама од осветлување или временски услови, вели Uwe Class, директор на безбедни системи за мобилност во ZF Friedrichshafen AG.

Првите ZF надворешни воздушни перничиња може да бидат имплементирани во производство на автомобили во рок од две години.