+389 2 3290 020

info@gps.mk

Најголемиот авион во светот (видео)

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Најголемиот авион во светот (видео)

Со распон на крилја поголеми од фудбалско игралиште, во саботата, најголемиот авион во светот за првпат полета. Се работи за двоен авион, наречен Stratolaunch, кој летал околу два и пол часа над пустината Мохаве во Јужна Калифорнија, достигнувајќи брзина од 189 милји на час и надморска височина од 5180 метри во своето прво патување. Погледнете како изгледа овој извонреден инженерски успех:

 

“Самиот лет беше лесен, тоа е токму она што го сакавме”, изјави Еван Томас, тест пилот кој леташе со Stratolaunch.

Во 2011 година, е основан Stratolaunch од покојниот милијардер Пол Ален кој е и еден од основачите на Microsoft. “Сите знаеме дека Пол би бил горд за денешните историски достигнувања”, изјави неговата сестра Џоди Ален.

Но, зошто Ален направил толку голем авион? Овој авион не е за да се носат патници, туку ракети. Stratolaunch со двојниот трупот е дизајниран да лета до висина повеќе од 10,000 км, каде што откако ќе бидат испуштени ракетите, ќе ги запалат нивните мотори.