+389 2 3290 020

info@gps.mk

Направен е невидлив материјал

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Направен е невидлив материјал
невидлив материјал

Тајна лабараторија во Кина е изградена за масовно производство на најсовремени “супер материјали”, кои го претставуваат претходно невозможното, пишува DailyMail.

Лоцирана во Шенжен, лабараторијата произведува различни видови на материјали, вклучувајќи и невидлив материјал кој ги прави сите предмети невидливи. Иако не е објаснето за што ќе се користи невидливиот “метаматеријал”, според кинеските портали и медиуми, веројатно ќе се користи за воените авони на Кина особено на моделот J-20.

Секое парче, долго 80cm и широко 60cm, е обложено со бронза и ќе се користи како основен материјал за кинескиот супер материјал. На овој основен материјал се додава специјален слој, кој по изложување на светлина може да покаже околу 20.000 модели на шаблон.

Шаблоните, со големина од 0,2 квадратни милиметри, се вели дека содржат илјадници микро-структури невидливи за човечкото око. Овие микро-структури се користат за контрола на својствата на метаматеријалите.

Според некои од најголемите портали за вести на Кина, тврдат дека лабораторијата за која станува збор е Државната лабораторија лоцирана во Шенжен, и е финансирана од државата.