+389 2 3290 020

info@gps.mk

Откриен начин за добивање гориво од морската вода само со помош на светлина

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Откриен начин за добивање гориво од морската вода само со помош на светлина
Научници открија начин да добијат гориво од морската вода само со помош на светлина

Откриен е начин на добивање водородно гориво, со помош на нов наноматеријал и морската вода, кој значително ќе ја намали зависноста од фосилни горива, пишува Иновативност.

Тимот научници од Флорида тврдат дека новиот метод е особено погоден за земјите кои имаат голем број на сончеви денови и морска вода. Тие и претходно се обидоа да добијат водород од морската вода, но трошеше премногу струја, а поради квалитетот на морската вода и солта во неа процесот е особено тежок. За новата студија научниците развија нов наноматеријал кој функционира како фотокатализатор и предизвикува хемиска реакција која се случува кога светлината ќе допре до површината на водата, при што како резултат се добива водород.

Карактеристично за новиот наноматеријал е тоа што лови поширок спектар на светлината отколку други материјали, па може да искористи повеќе сончева енергија и е дизајниран да издржува лоши временски услови. Од него полесно се ослободува водород благодарение на тоа што тој се базира на титаниум диоксид, кој е најчестиот фотокатализатор, но е покриен со микроскопски наношуплини обложени со молибден дисулфид.

Истражувачите велат дека овој материјал е неколку пати поефикасен од постојните фотокатализатори.