+389 2 3290 020

info@gps.mk

Новата машина за читање мисли може да ги преведе вашите мисли и да ги прикаже како текст

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Новата машина за читање мисли може да ги преведе вашите мисли и да ги прикаже како текст
читање мисли

Научници развиле машина за читање на мисли, која може да ги преведе мислите и веднаш да ги прикаже како текст.

Тие тврдат дека машината е со точност од 90% или повеќе и дека таа функционира со толкување на согласките и самогласките во нашите мозоци.

Научниците веруваат дека машината може еден ден да им помогне на пациентите кои страдаат од медицински состојби кои не им дозволуваат да зборуваат или да се движат.

Машината ја регистрира и анализира комбинацијата на самогласки и согласки што ги користиме при конструирање на речениците во нашите мозоци. Ги интерпретира овие реченици врз основа на нервните сигнали и може да ги преведе во текст во реално време. Всушност, научниците тврдат дека машината може да користи зборови што порано не ги слушнала.

Меѓутоа, постојат стравувања од критичарите, дека уредот ќе предизвика големи проблеми ако тајни мисли се изложат случајно.

Уредот е развиен на Универзитетот во Калифорнија и е објаснет во Journal of Neural Engineering, пишува Dailymail.