+389 2 3290 020

info@gps.mk

Нов гаџет за комуникација со уреди, без говорна команда

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Нов гаџет за комуникација со уреди, без говорна команда
гаџет

Истражувачи од MIT Media Lab создале гаџет, наречен AlterEgo, за комуницирање со компјутер без зборување.

Кога и да помислиме на некој збор, пред да го изговориме сигналите за него стигнуваат до мускулите кои ја контролираат устата и кои можат да бидат забележани од исклучително чувствителен компјутер.

Уредот има 7 електроди позиционирани околу устата кои ги фаќаат овие сигнали, а потоа податоците ги процесираат неколку пати пред безжично да ги испратат на друг уред, а има и слушалки со коскена спроводливост преку кои се слуша одговорот на уредот, пишува Идивиди.

гаџет

Уредот е тестиран на неколку личности и имал точност од 92%. Овој гаџет се разликува од другите уреди кои ги читаат сигналите од мозокот,  со што овој не може да ги чита приватните мисли.

AlterEgo би можел да се користи за да се контролира домот опремен со “паметни” уреди (вклучување на апарат за кафе, боjлер и слично) како и да се има контрола над телефонот, за давање команди со одредени движења на лицето.