+389 2 3290 020

info@gps.mk

Новото издание на Порше ќе ја има “душата на разигран млад коњ”

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Новото издание на Порше ќе ја има “душата на разигран млад коњ”

Порше со првиот електричен автомобил, кој се најавува дека ќе биде најдоброто и најскапото издание меѓу хибридите.

 

 

Порше првично го нарече проектот Мисија Е, каде што “Е” стои за електричен, но тоа им звучеше како име на научен проект, а не спортски автомобил. Така, во јуни 2018 година, извршниот директор на Порше – Оливер Блум објави дека автомобилот ќе се вика Taycan. Името е составено од два термини од турско потекло, кој се  преведува како “душата на разигран млад коњ”. И тоа е токму она што првиот целосно електричен Порше ќе биде: жив, импулсен, енергичен и со слободен дух.

Најамбициозната претстава на Порше може да биде потег за надминување на Tesla кога станува збор за брзината на полнење. Додека Tesla на Елон Маск нудат 480 волти, Порше работи на 800 волти инфраструктура за полнење на Taycan. Тоа значи дека можете да поминете 250 километри со само 15 минути полнење. Тоа ќе биде овозможено со приклучоци за полнење од двете страни на автомобилот.

 

 

Порше соопшти дека купувачите на Taycan ќе добијат тригодишно бесплатно полнење на станиците на Electrify America, тоа значи првите три години полнење се на Порше.

Во авто-светот се шпекулираа дека Taycan ќе дојде како најскап автомобил во палетата на Порше, и можете да очекувате да го видите во продажба кон крајот на 2019 како модел на автомобил од 2020 година.