+389 2 3290 020

info@gps.mk

Philips тестира интернет кој се пренесува преку светлина

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Philips тестира интернет кој се пренесува преку светлина
internet интернет

Philips објави дека нивната LiFi, или Light Fidelity, технологија во моментов се тестира во Франција. Li-Fi е технологија за безжична комуникација меѓу уреди која за пренос на податоци користи ЛЕД светла кои се палат и се гасат во период од наносекунди  и се невидливи за човечкото око.

За сега, корисниците ќе треба да приклучат специјално USB во нивните компјутери за да пристапат до LiFi, но технологијата евентуално ќе биде вградена и во други уреди. USB користи инфрацрвена врска за пристап до LiFi, која се смета дека е посигурна од WiFi.

LiFi работи во области каде што WiFi фреквенциите може да влијаат на опремата, како што се болниците, и каде овие сигнали не можат да навлезат. Бидејќи се пренесува преку светла, може да достигне области кои се и длабоко под земја. Исто така е лесно да се контролира опсегот на LiFi, бидејќи светлината не може да навлезе во ѕидови, се создава ограничен досег, поради кој е целосно безбеден од хакерски напади, што тешко се постигнува со WiFi, пишува Engadget.