+389 2 3290 020

info@gps.mk

Поради Србија и Косово дигиталните часовници доцнат 6 минути

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Поради Србија и Косово дигиталните часовници доцнат 6 минути
часовници

Голем број часовници низ Европа доцнат поради тоа што фреквенцијата во електричната мрежа веќе некое време е во пад од нормалните 50 херци. Причина за тоа, како што наведуваваат медиумите, е спорот меѓу Србија и Косово.

„Оние кои хронично доцнат не можеа да добијат подобра вест како изговор, во цела Европа радиочасовниците, како и часовниците на микробранови печки и шпорети, доцнат – доколку се приклучени на електромрежата“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Поради намалувањето на фреквенцијата на струјата електричните часовници доцнат по околу шест минути, се наведува во соопштението, а најверојатно и ќе се зголеми.

„Причина за тоа е што од средината на јануари на европскиот пазар на струја постои дупка во снабдувањето, како што и вчера беше соопштено во Брисел од европското Здружение на електромрежи ‘Ентсое’. Поради постојаниот политички конфликт меѓу Србија и Косово, од таму тече помалку струја во континенталната мрежа на која се приклучени 25 земји од Турција до Холандија“, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.