+389 2 3290 020

info@gps.mk

Предвидувања за иднината од сопственикот на Tesla

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Предвидувања за иднината од сопственикот на Tesla
Илон Маск

Електрификација и живот на Марс, се само дел од големите предвидувања за иднината од Илон Маск, основач и главен извршен директор на Tesla и SpaceX.

Во продолжение следуваат неколку од неговите предвидувања за тоа што не очекува.

Сите видови на транспорт ќе бидат електрични

Маск е убеден дека сите возила евентуално ќе бидат електрични. “За мене нема никаков сомнеж дека сите видови на транспорт, со еден ироничен исклучок – ракетите, ќе станат целосно електрични“, изјави првиот човек на Tesla.

Електричен автомобил

За 20 години, возилата со само-управување ќе бидат стандард

„Доколку за 20 години не поседуваш возило со електричен систем на управување тоа ќе биде исто како да имаш коњ и тоа само од сентиментални причини“, вели Маск.  “Мислам дека сите автомобили ќе станат целосно автономни. Мислам дека ќе биде многу необично да се видат автомобили кои немаат целосна автономија “.

Автоматизацијата ќе го направи основниот приход поверојатен.

„Постојат големи шанси поради автоматизацијата да биде воведен универзален основен доход“, изјави Маск за интервјуто за CNBC.

До 2025 година ќе се оди на Марс

Маск, на Меѓународниот конгрес за астронаутика, го сподели планот на компанијата SpaceX да испрати луѓе на Марс до 2025 година. Целта е бродот да тргне во 2024 година, но истражувачите најверојатно нема да слетаат пред 2025 година. Неговата идеја е да се колонизира планетата и да се направи “добро место за живот”.

Илон Маск со план да испрати луѓе на Марс

Вештачката интелигенција (AI) претставува поголема опасност од нуклеарно оружје

Додека луѓето се загрижени за нуклеарна војна, Маск смета дека всушност најголемата закана за човечката цивилизација е вештачката интелигенција. “Според мене, најголемиот ризик со кој се соочуваме како цивилизација, е вештачка интелигенција” – изјави Маск во јули.

Тој на својот Twitter профил напиша: “Натпреварот на државите во областа на вештачката интелигенција најверојатно ќе биде и причина за Трета светска војна“.
Овој коментар беше реакција на изјавата на претседателот на Русија, Владимир Путин дека онаа земја која ќе ја има најдобрата вештачка интелигенција таа ќе владее со светот.

Роботи – убијци

“Постојат роботи кои можат да научат да одат за неколку часа, побрзо од кое било биолошко битие”, рече Маск во јули во Националната асоцијација на гувернери. “Она што е најопасно е … длабока интелигенција во мрежата. И ти прашуваш каква штета може да направи длабоката интелигенција во мрежата? Па, би можела да започне војна со објавување на лажни вести, измами со е-пошта и лажни соопштенија за печатот и само со манипулирање со информациите. Пенкалото е посилно од мечот. ” 

Луѓето ќе треба да бидат делумно роботи за да преживеат

Луѓето ќе мора да станат делумно роботи за да преживеат, рече Маск во февруари на Самитот на Светската влада во Дубаи. “Со текот на времето мислам дека најверојатно ќе видиме соединување на биолошката интелигенција и дигиталната интелигенција.”, изјави Маск.

предвидувања од илон маск