+389 2 3290 020

info@gps.mk

Прв костим за летање на млазен погон инспириран од Iron Man

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Прв костим за летање на млазен погон инспириран од Iron Man
flight costume inspired from iron man

Трговецот Ричард Браунинг, основач на стартап компанијата „Gravity Industries“ демонстрираше неверојатна способност на својот производ – летачко одело на млазен погон.

Оделото е составено од делови принтани со 3D технологија, а летањето го овозможуваат пет млазни поставени на грбот и рацете на пилотот. Дизајнот е испириран од суперхеројот од универзумот на Марвел – Iron Man.

Во разговор со телевизијата CBC News, конструкторот вели дека оделото троши околу четири литри гориво во минута додека е во лебдечка позиција и може да лета од три до четири минути.

-Кога е времето е поладно многу е поголем притисокот, па тогаш можете да летате околу 10 минути. Тоа е нешто на што се уште работиме за да го унапредиме, но неоспорна последица на нашата работа е дека успеавме да полетаме без крила, вели тој.

Цената на овој производ не е мала, дури и за поголемиот дел луѓе кои можат да си го приуштат. Тој изнесува 340.000 фунти, односно 433.000 долари.

На оние кои ќе го купат, ќе им биде обезбеден и тренинг, на кој ќе можат да научат како правилно да го користат, пишува „The Independent“.