+389 2 3290 020

info@gps.mk

Првиот автомобил од 3D принтер ќе се вози идната година

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Првиот автомобил од 3D принтер ќе се вози идната година
3d avtomobil 3d автомобил

Компанијата X Electric Vehicle го лансира својот прв автомобил создаден на 3D печатач.

Автомобилот е електричен прототип кој ќе биде прикажан во април, на Саемот за автомобили во Пекинг. LSEV ( low-speed electric vehicles) спаѓа во групата на мали градски возила со две седишта.

3D Автомобил

Сите видливи делови од автомобилот освен шасијата, стаклото и седиштето, се испечатени од 3D печатачот. Неговата тежина е 992 kg. и има автономија од 150 километри од едно полнење. Максималната брзина која ја достигнува е 70 km/h.

Производителот тврди дека автомобилот се склопува за три дена. Ќе се произведува во Кина и ќе биде достапен за кинескиот пазар во 2019 година, а подоцна и во Европа, неговата цена ќе изнесува 7.500 долари.