+389 2 3290 020

info@gps.mk

Луксузниот вселенски хотел ќе биде лансиран во 2021 година

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Луксузниот вселенски хотел ќе биде лансиран во 2021 година
space hotel првиот хотел во веселената

Американската компанија Orion Span планира да го изгради првиот луксузен хотел во вселената, и би требало да ги прими заинтересираните “туристи” во 2022 година.

Aurora Station ќе може да прими шест гости истовремено, вклучувајќи ги и двајца членови на екипажот. Тие освен што ќе се грижат да им биде удобно на туристите, членовите на екипажот ќе водат истражувања и експерименти како одгледување зелечнук и овошје и на туристите ќе им покажуваат како изгледа животот на една вселенска станица. Предвидено е патувањето и престојот да траат 12 дена.

првиот хотел во веселената

Патниците кои можат да си ја дозволат оваа авантура ќе летаат на височина од 320 километри над површината на Земјата, од каде ќе можат да уживаат во неверојатниот поглед кон нашата планета. Тие во 12 дневното патување ќе можат да видат 16 изгревања и заоѓања на сонцето во рок од 24 часа затоа што хотелот ќе орбитира околу Земјата на секои 90 минути.

Вселенскиот хотел ќе биде 13,3 метри долг и 4,3 метри широк. Ќе има и брз интернет, за патниците да можат да им се јават на своите семејства.

Патниците пред полетувањето во вселената ќе мораат да минат тримесечен програм на обука и здраствени прегледи. Гостите во текот на получасовниот лет до вселенската станица ќе ги пренесува некоја од приватните компании како SpaceX или Blue Origin.