+389 2 3290 020

info@gps.mk

Првo е-автомобили, потоа е-автобуси, следни се: е-камиони

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Првo е-автомобили, потоа е-автобуси, следни се: е-камиони

Модерната приказна за електричните возила започна во почетокот на 2010-та година со објавувањето на Nissan Leaf, Tesla Model S и BMW i3. Кина реагираше брзо и ги воспостави прописите за поттик за развој, додека пак на Европа ѝ беше потребно многу повеќе време да се справи со оваа нова реалност.

 

 

Вториот ‘изум’ за електрични возила беа електричните автобуси. Продажбата на електричен автобус во Кина достигна неверојатни 130.000 продадени единици за една година и стана лидер во трката за е-автобус. Европските производители пак не беа толку брзи како Кинеските.

 

 

И како трета и најнова револуција на електричниот свет се електричните камиони. Постојат знаци на развој на трите најголеми пазари како што се европскиот, калифорнискиот и кинескиот пазар, но сеуште нема јасен лидер. Според спроведена анкета 40% од купувачите на камиони ќе размислат за купување на хибриден или електричен камион во нивната наредна набавка, додека само 30% веруваат дека редовниот дизел ќе биде главниот погон во нивната флота до 2025 година.

 

Европските производители на камиони признаа дека модернизирањето на камиони може да дојде порано од очекуваното. Но со оглед на избраните технолошки патишта, оваа транзиција бара капитално-интензивна инфраструктурна мрежа. За да се овозможи пазарот да расте, националните регулатори и ЕУ треба да преземат мерки за инфраструктура за полнење на камиони.