+389 2 3290 020

info@gps.mk

Rimac Automobili тестира беспилотни возила по улиците во Загреб

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Rimac Automobili тестира беспилотни возила по улиците во Загреб
rimac automobili тестира беспилотни возила во загреб

Rimac Automobili објави видео на кое се гледа беспилотен автомобил кој се тестира по улиците во Загреб, пренесува Zimo.

„Нашиот тим за автономно возење стартуваше своја флота возила за истражување за да се забрза развојот на системите за автономно возење и заштитниот знак на C-Tw – инструкторот за возење. Флотата ќе се состои од повеќе типови возила за одредени цели и услови со поголеми перформанси, а повозбудливи возила ќе бидат претставени идната година“ пишува во објавата на нивната Facebook страница.

Во видеото објаснуваат дека станува збор за еден од автомобилите со кои ќе се тестира автономното возење. Возилото има осум камери, шест радари, 13 ултразвучни сензори, инерцијални мерни единици и исклучително прецизен GPS. Од компанијата изјавија дека возилото може со помош на системот за вештачка интелигенција да се контролира одвнатре и ќе се користи за собирање податоци и тестирање на алгоритмите на компанијата.

Rimac C_Two: a car alive with technology

The next generation of hypercar performance, the Rimac C_Two.

Gepostet von Rimac Automobili am Freitag, 9. März 2018