+389 2 3290 020

info@gps.mk

Робот се трансформира во автомобил за само една минута

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Робот се трансформира во автомобил за само една минута
робот

Хуманоиден робот, висок околу 4 метри, за 60 секунди може да се трансформира во автомобил, пишува Кајгана.

Роботот е создаден од Кенџи Ишида, директор на компанијата Brave Robotics, и неодамна беше претставен во Јапонија.

„Пораснав верувајќи дека роботите треба да бидат способни да се трансформираат и моја мотивација стана да развивам токму вакви роботи“, изјавил Ишида.

“Трансформерот” може да превезува двајца патници кога ќе се трансформира во автомобил, а се вика J-deite RIDE.