+389 2 3290 020

info@gps.mk

Rolls-Royce направи робот-лебарка кој ќе ги поправа моторите на авионите

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Rolls-Royce направи робот-лебарка кој ќе ги поправа моторите на авионите
робот-лебарка

Компанијата Rolls-Royce направи минијатурен робот-лебарка кој ќе ги поправа авионските мотори.

Роботот е опремен со камера и 3Д скенер, па ќе им овозможи на инженерите далечински да ги проценат проблемите пред да се обидат да го поправат.

Роботот-лебарка познат под името SWARM е една од четирите технологии кои се развиваат со цел да се задоволат сите потреби на моторите. Друга технологија е FLARE, робот сличен на змија кој може да се движи низ моторот и заедно со другите роботи да ја поправа оштетената термална обвивка. Овој робот е долг 10 мм, а ќе може да емитува слика во живо преку малата камера, како и да ги носи роботите SWARM во моторот.

Овие роботи се дел од проектот Intelligent Engine, кој беше најавен годинава со цел развој на конектирани мотори со потенцијал да се поправаат самите себеси.

Освен роботите кои можат привремено да влезат во моторот, Rolls-Royce работи и на роботот INSPECT, кој ќе може да биде инсталиран во моторот. Овој термално заштитен перископ ќе овозможи да се следи состојбата на моторот и сите податоци да ги испраќа до операторите, пишува DesignBoom.